| четврток, 6 декември 2018 |

Ватиканската банка перела пари за стопанственици, лекари, свештеници…

Финансиската полиција ги објави имињата на сите кои учествувале во перење на пари преку Ватиканската банка ИОР, а на списокот се најдоа лекари, стопанственици и свештеници. Оваа листа од 61 осомничени се уште не е комплетирана, затоа што во истрагата не се испрашани сите.

Во  јули годинава за истото дело обвинет и затворен беше Нунсио Скарано, шеф на контрола во Управата на Светата столица. Некои од сега осомничените му помагале на Скарано во нелегалните парични трансакции за да го врати станбениот кредит од 560.000 евра. Овој износ Скарано го подигнал од сметката на Ватиканската банка.

Истрагата за перење на пари во Ватикан почна уште во 2010 годна кога италијанската Централна банка побара “замрзнување“ на 23 милиони ева кои од ИОР се префрлени во ЈП Морган во Франкфурт (20 мил. евра) и уште три милиони во италијанската банка Banca del Fucino. Иако подоцна парите беа одмрзнати, истрагата продолжи и се повеќе се проширува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top