Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од вечерва на полноќ бензините да се продаваат за 1 денар поскапо. Тоа значи дека од полноќ Еуросупер 95 ќе се продава за 82 денари за литар, Еуросупер 98 ќе чини 83,50 денари по литар, Еуродизелот ќе се продава по цена од 70,50 денари, а цената на лесното масло за домаќинство ќе изнесува 59 денари
Ваквата одлука на регулаторите доаѓа по зголемување на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


