| четврток, 6 декември 2018 |

Кога трендот ќе се претвори во предмет за потсмев

Паметните телефони покрај останатото го донесоа и трендот на самофотографирање и објавување на социјалните мрежи. Од една страна, апликациите како Инстаграм помагаат некои моменти од животот да ги претставиме на креативен начин, но кпоголемиот број од нив се претвораат во клише.

Последниот пример се претвори во своевиден феномен, наречен „хот-дог“ нозе. Веќе можете да погодите, голем број од припадничите на понежниот пол одлучија на своите виртуелни пријатели да им ги покажат исончаните нозе.

Ова набрги стана масовен тренд то резултираше со страница на Tumblr.com и духовити коментари и реакции: така што на нозете на фотошоп им се додава кечап, сенф и мајонез за сличноста да биде поголема и воочлива.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top