Многумина успехот на „Yahoo“ и го припишуваат неа-Мариса Мејер, извршната директорка, кој ја презеде компанијата во турбилентен период, кога по 13 години работење го напушти „Гугл“. Тоа беше големо изненадување и сите се прашуваа може ли Мариса Мејер, амбициозна жена во светот во кој доминираат мажи да го спасо „Yahoo“ кој се повеќе заостануваше зад своите конкуренти. Но веќе по една година се видоа резултатите, Мејер воведе низа иновации и направи аквизиција на помалите компании циј бизнис и човечки капитал го засили „Yahoo“. Во светот како од корпорациите се очекува пред се да им служат на своите акционери, Мариса Мејер одлучи дневните навики на потрошувачите да ги стави на прво место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


