| четврток, 6 декември 2018 |

Бунт во Нови Пазар, им донесоа голман што го величаше Ратко Младиќ

Навивачите на Нови Пазар, екипа што игра во српското првенство, се кренаа на бунт откако раководството на клубот го ангажираше голманот Немања Супиќ. Проблемот е што во областа Санџак мнозинското население е од муслиманска вероисповед, а Супиќ за нив има грев затоа што го величеше Ратко Младиќ.

„Супиќу схвати, на гол нашег клуба неќеш стати“ (Супиќ, разбери, за нашиот клуб нема да браниш), му напишаа парола навивачите на Нови Пазар.

Супиќ веќе тренираше со тимот на Нови Пазар, а тренингот требаше да биде затворен за симпатизерите, но тие не мируваа. Околу 200 од нив насилно влегле на стадионот, а за среќа Супиќ не бил на теренот. Кога подоцна се појавил, веќе имало полициски сили. Сепак, навивачите цело време го исвиркувале.

Симпатизерите на клубот од Санџак се познати како проблематични и тврдокорни. Годинава на натпревар против Партизан на трибината со гостински навивачи фрлија експлозивна направа, обвиена со клинци. За среќа, механизмот не се активирал, инаку ќе имало и жртви. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top