Сакам да се заблагодарам на политичките лидери кои најдоа доблест да ги надминат теснопартиските интереси и во интерес на Македонија и на граѓаните, како и на евроатлантските аспирации, се направија нужни компромиси за да се дојде до финално решение, изјави денеска претседателот на комисијата, Борче Давитковски, по потпишувањето на извештајот за 24 декември.
Според Давитковски, потпишувањето на извештајот е најголем бенефит за Македонија и преку имплементација на препораките, како што рече, земјата ќе тргне во друг правец особено со овој политички консензус меѓу главните политички чинители во државата.
– Ќе направиме напор, ем ќе добиеме позитивен извештај, а со измената на Деловникот и Законот за Собранието да се движиме во развој на демократијата како што ѝ личи на Македонија – додаде професорот.
И Рената Дескоска, член на Комисијата од СДСМ, изрази задоволство што е потпишан извештај со кој новинарите и пратениците добиле сатисфакција за она што беше сторено на 24 декември лани.
Таа оцени дека извештајот е квалитетен и со усогласени 11 заеднички препораки кои ќе значат подобрување на работата и јакнењето на Собранието.
– Извештајот го потпишавме заради значењето кое го има во пресрет на новиот извештај од Европската комисија. Тежината на правните квалификации е исто како хартија палома, а преговорите со СДСМ се еднакви како со деца во продавница за играчки, кои не знаат што сакаат. Внатрепартиските проблеми во СДСМ очигледно имаа сериозен одраз на работата на Комисијата, но Извештајот од ЕУ има далеку поголемо значење – истакна Димовски.
Тој посочи дека е нормално опозицијата во која било држава да бара избори, но во Македонија е чудно што истата бега од предвремени избори. Димовски изрази жалење што СДСМ се исплашиле од избори, но затоа, пак, ВМРО-ДПМНЕ покажале целосна подготвеност за потпишување на извештајот во интерес на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
АВМУ со втор извештај: Медиумите неизбалансирани за референдумот, силно наклонети кон кампањата „За“
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари


