Новакот во редовите на Наполи, Гонзало Игуаин, имал бизарен пад на плажата на монденското летувалиште Капри и завршил во болница со полесен потрес на мозокот и расекотини на лицето. Одморајќи се, Аргентинецот се качил на брод, а при враќањето се лизнал и паднал на камења и се повредил. Веднаш бил однесен во најблиската болница, а извештаите велат дека нема сериозни повреди иако ќе „заработи“ 8 конци на вилицата.
Инцидентот се случил утринава, а вчера Игуаин дебитираше за Наполи против Болоња. Тимот за кој игра и нашиот Горан Пандев победи со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


