| четврток, 6 декември 2018 |

Дејли меил: ЕУ тајно печатеше пари за Грција

planBЕУ тајно ѝ доставувала пари на Грција во 2011 кога земјата останала без пари, објавува британскиот „Дејли мејл“. Според весникот над десет милијарди евра биле пренесени со големи авиони „Боинг“, со таен трансфер заради распаѓањето на грчките банки. Летовите биле карго, а авионите го носеле знакот „Маерск“ и биле бојадисани со боите на грчкото национално знаме. Доставките почнале во 2011 година и се спроведувале до Атина и до Ларнака.

-Целта на мисијата не била спасување луѓе, а летовите не личеле на познатите ‘воздушни мостови’ до Берлин по војната, туку нивна задача била да се заштити и да продолжи економскиот експеримент на една мултинационална валута. Тоа биле тазе печатени книжни банкноти, што требало да стигнат до Грција со цел земјата да може да застане на нозе, пишува „Дејли мејл“.

Во написот се цитира висок функционер, кој тврди дека тоа било направено бидејќи Грција буквално останала без пари во јуни 2011 година.

– Бил активиран таен план, со тоа што Грците повлекувале по една до две милијарди евра на ден од банките. Грција требала да испраќа воени авиони до Италија, каде што ги преземала банкнотите, вели истиот функционер.

До јуни 2012 година потребата за книжни банкноти во Грција тројно се зголемила, а целта на операцијата не била само да се одржи социјалната стабилност во земјата туку и да се заштити еврото.

– Европските партнери беа загрижени… воздушниот мост беше првата етапа од мисијата, следуваа десетици, ако не и стотици превози со товарни камиони и бродови, со кои се пренесувале новите книжни банкноти до континенталниот дел на Грција и до нејзините острови – пишува весникот.

Тајната операција продолжила без никој да забележи, а вредноста на книжните пари, што циркулираат во Грција е двојно зголемена од 19 милијарди евра во 2009 година на 40 милијарди евра во септември 2011 година. До летото 2012 година вкупната сума изнесувала 48 милијарди евра, од кои последните десет милијарди евра, а можеби и повеќе во земјата стигнале со помош на тие тајни летови, го пренесе Телеграф.мк британскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top