| четврток, 6 декември 2018 |

Казната за наставниците за невнесување оценки во е-дневникот намалена на 300 евра

spiro

Министерот за образование, Спиро Ристовски, денеска изјави дека очекува наставниците да бидат поревносни во водењето електронски дневник зашто таа обврска ќе ја имаат еднаш неделно наместо дневно откако ќе помине дополнувањето на Законот за просветна инспекција, што денеска во прва фаза помина во матичната собраниска комисија.

Новиот рок е усогласен во разговори со Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК, а новина ќе биде и тоа што казната за невнесување на оценките и изостаноците во Е-дневникот наставниците ќе ги чини 300 евра наместо сегашната од 1.000 евра.

– Ќе се подобрува и апликацијата за Е-дневникот затоа што имало основани пропусти посочени од наставниците, но имало и наставници кои долго не ја исполнувале таа обврска на што покажува и зголемениот пристап за внес во Е-дневникот во последните две недели од крајот на минатата учебна година – изјави Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top