На 1 септември во прво одделение ќе тргнат 20.774 досега запишани дечиња. Оваа бројка покажува повторен пад на бројот на првоодделенци во училиштата низ Македонија.
– Со жалење морам да констатирам дека во изминатите пет-шест години има во просек од 500 до 700 помалку запишани првачиња. И оваа година бројот е намален во однос на минатата бидејќи уписот трае уште, очекувам бројот да порасне. Но, дефинитивно, ќе има повторно помалку запишани во прво одделение – рече министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.