| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се удрат темелите на „Џумајлија“

xumajlijaУтре официјално ќе почне реализацијата на проектот „Џумајлија“. Се очекува претпладнето да се постави камен- темелник, за што во Македонија ќе дојдат претставници на индиската „Сахара груп“. Тие најавуваат дека ќе почнат со реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“.

Градежни работи ќе почнат до октомври, а активностите ќе се засилат напролет. Во следните три години ќе се изградат четири одвоени фарми за крави, високотехнолошка млекарница, и објекти за производство на добиточна храна. Дваесетте илјади крави ќе пристигнат од Холандија, во неколку фази. Целата инвестиција е проценета на 211 милиони евра – 60 милиони во првите 8 месеци, 70 милиони во наредните 12 и уште 80 до крајот на тригодишниот период. Во Џумајлија ќе се вработат 2.000 луѓе од различни профили поврзани со земјоделството, но агрокомбинатот ќе соработува и со локалните сточари. Новите технологии би требало да им ги зголемат приносите и до 30 отсто.

„Џумајлија“, вториот најголем агрокомбинат во Македонија, има 6.000 хектари ниви и 6.000 хектари пасишта, винарска визба, млин, фарма со капацитет од 1.000 овци и 200 крави. Годишно произведуваше над 20.000 тони житни и фуражни култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top