И покрај тригодишното спроведување на антикризните мерки, зголемените даноци и кратењето на долгот за цели 53 проценти (100 милијарди евра во март 2012 година), Грција се уште должи 321 милијарди евра. Според грчкиот весник То Вима, грчкиот долг во првата половина на 2013 година се зголемил за 18 милијарди евра па така сега должи повеќе отколку во 2009 година пред да избие должничката криза.
Моменталниот долг е загрижувачки и соодветствува на 180 проценти од БДП-то на државата. Најголемото прашање во моментот е дали долгот е одржлив и дали може со нови кратења да се реши проблемот од вечното зголемување на долгот?
Додека германскиот министер за финансии Волфган Шојбле минатата недела соопшти дека на Грција ќе им треба нов пакет на заем, еврокомесарот Гинтер Ојтингер предвидува дека новиот пакет би бил нешто поголем од 10 милијарди евра, но и дека нема да има ново кратење на долгот. Експертите предвидуваат дека овој пакет би бил многу помал од претходните програми за спас на економијата во Грција. Во 2010 година Грција доби 73 милијарди евра, а во 2012 година пакетот изнесуваше 173 милијарди евра.
Според некои грчки медиуми, премиерот на Грција Антонис Самарас сака да преземе три стратешки чекори за да се ослободи од условите за заемите, меѓу кои и да се ослободи од Тројката. Кампањата планирал да ја почне во октомври, по завршувањето на изборите во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција