Српските кошаркари Бранислав Ѓекиќ и Марко Цветковиќ ќе се приклучат на тренинзите на МЗТ Скопје, а дали ќе бидат ангажирани ќе одлучи новиот тренер на шампионот на Македонија, Влада Вукоичиќ. Ѓекиќ беше член на Партизан и е висок 207 сантиметри, а Цветковиќ беше дел од составот на Константин од Ниш и игра на позицијата крило.
„Поради отсуството на репрезентативците од нашиот тим принудени сме да ангажираме играчи за нормална работа и подготовки за престојната сезона. Се отвори можност со нас да тренираат двајца кошаркари на позициите што ни се дефицитарни во овој период и веројатно кај нас ќе пристигнат Ѓекиќ и Цветковиќ“, изјави Вукоичиќ за клупскиот сајт на МЗТ Скопје.
Отсутни поради обврските кон репрезентацијата на Македонија ќе бидат Гечевски, Чековски, Костовски и Дамјан Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МЗТ симнат од тронот, Работнички е нов шампион на Македонија!
-
Мекејлеб ја напушта Сарагоса: Причина е смртта на неговата мајка
-
Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)
-
Фијаско на македонските кошаркарки во Италија, загубија со 60 коша разлика