| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз има рак на кожата: Задоволство ми е што толку луѓе ме подджуваат

jovankatitoville

Јованка Броз и натаму е во тешка здравствена состојба, но сѐ уште е жива и контактибилна.

– Чувствувам големо задоволство што толку луѓе ме поддржуваат и се интересираат за моето здравје – рекла Броз во разговорот со лекарот Златибор Лончар, директор на белградскиот клинички центар кој вчера ја посетил.

Јованка беше примена во болница во петокот, а по првичните прегледи  лекарите се сомневаат дека има напредна фаза на рак.

– Претпоставуваме дека има тумор на кожата кој потекнува од еден младеж на грбот, кој поради нелекувањето се проширил. Дополнителните анализи ќе покажат каква е вистинската состојба. Во секој случај, нејзиното здравје е многу запустено, веројатно подолго време е тешко болна – рекол д-р Лончар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top