Откако вчера многу медиуми на Балканот објавија дека Јованка Броз починала, се огласи Клиничкиот центар во Србија од каде што ја демантираа информацијата.
– Вечерва во Белград почина 89-годишната Јованка Броз, вдовица на Јосип Броз Тито. Јованка почина во Клиничкиот центар како последица на метастазиран карцином – гласеше кратката вест објавена на „Твитер“ од страна на познат хрватски новинар која ја повлече неколку минути подоцна. Информацијата беше преземена од многу медиуми во поранешна Југославија, но никој немаше официјална потврда. Дилемата ја разрешија од Ургентниот центар во Белград од каде што ја демантираа веста.
Информацијата за смртта на Јованка Броз е невистинита, соопштија од Ургентниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.