Jавниот долг на Грција изнесува 321 милијарда евра. Ваквата вест предизвика остри реакции во Атина. Се тврди дека информацијата за сумата протекла од ММФ во Вашингтон. Според податоците Грција во јуни е позадолжена од 2009 година, кога почнала кризата, а во споредба со втората половина на 2012 година оваа земја се задолжила за плус 18 милијарди. Во 2013 година таа влезе со долг од 303 милијарди евра.
Експертите , сепак, велат дека структурата на долгот е со многу видоизменета слика од почетокот на кризата. Опозицијата ова го искористи за критика и од таму изјавуваат дека ова е знак дека не треба ни минута да се остави Грција и Грците во „канџите на кредиторите-пијавици“.
Рекордната задолженост од 180 отсто од БДП, според лидерот на опозицијата Алексис Ципорас, е резултат на политиката која, сето време ја форсираат премиерот Андонис Самарас. За водачот на партијата Сириза политиката на Самарас е синоним за „тотален банкрот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


