| четврток, 6 декември 2018 |

Над Кичево се уште гори, авионите и хеликоптерите утре ќе продолжат со гаснење

pozar kicevo 2

Пожарот над Кичево и вечерва останува надвор од контрола. Обидите за негово локализирање кои траеја во текот на целиот ден не беа целосно успешни, а хеликоптерите и авионот на Дирекцијата за заштита и спасување вечерва го прекинаа гаснењето.

Од Дирекцијата за Република вечерва соопштија дека пожарот уште не е локализиран, но дека е сопрено ширњето иако остануваат активни оште две огништа. На терен ноќеска ќе останат дежурни служби кои ќе го надгледуваат движењето на огнот. Утре во 7 часот два авиона и два хеликоптери повторно ќе продолжат со гаснење на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top