СДСМ да изгласа било каков Извештај од Комисијата, кој ќе биде партиски – предложи вечерва премиерот Никола Груевски, по денешниот прес на СДСМ, на кој истакнаа дека ќе направат се за да спречат да се оддржат уште едни, како што самите релоа, криминални избори.
-Народот не е виновен што имаме ваква расштимана опозиција. Граѓаните ќе речат дека довербата ни ја дале нам, а не на СДСМ, па ние сме тие на кои им е доверена одлуката да ја штитат државата во вакви ситуации. ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес за државата, да потпише Извештај на Ад-хок комисијата, каков што сака СДСМ. Ако ним не им е важен интересот на Македонија, нам ни е важен. За нас и за граѓаните тие правни квалификации не се она со што се согласуваме. Ние сме партија која 7 години ја добива довербата, ќе подметнеме грб. Ако не можат да се радуваат на изборен резултат, нека се радуваат барем на Извештајот. Препораките треба да се во функција да не се повтори она што се случи. Но нашиот став никогаш нема да го промениме, тој дел во извештајот ќе биде за нас невалиден. ВМРО секогаш во преден план го имал интересот за Македонија, а така и ќе остане, посочи премиерот – сметајќи дека СДСМ бега од избори како “ѓавол од темјан“.
Тој потсети дека токму членството на СДСМ на први март„ играше оро пред штабот на Бихаќка оти Црвенковски триумфално соопшти дека со договорот Груевски прифаќа предвремени избори во септември“. Затоа, вели Груевски, денешниот став на СДСМ во кој тие експлицитно одбиваат избори е чиста пародија.
На крај премиерот нагласи дека СДСМ има време да се предомисли до утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


