
Ако СДСМ се предомислат до утре во однос на нашата понуда за избори, ние сме тука и подготвени за тоа, само нека јават и нашите пратеници ќе пристигнат – посочи премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање.
Тој ги потсети дека, како што рече, со полош закон од овој во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ победило, и четири пати го менуваат законот.
– Македонија е неповратно внесена во демократија и нема сила да го спречи народот ако сака некого да смени или да донесе на власт. Рекоа со сите сили ќе се борат да ги спречат тие избори, како што на 24 декември со сите средства се обидоа да ги блокираат институциите, а тие средства понекогаш ги кажуваат како демократски. На пресот се виде дека има страв кај нив. Свесни се дека народот не ги поддржува, но немаат идеја како да го променат тоа – додаде тој.
Повеќе детали од вечерашното обраќање на премиерот на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


