„Џенерал моторс“ најави отворање на 2.630 работни места во Бразил, во „Гравитал индустри комплекс“, кој ќе го зголеми годишното производство од 230.000 на 380.000 возила.
Најавата следеше по заканите од штрајк во бразилскиот погон и одложувањето за затворање на 750 работни места, а управата вети дека во комплексот ќе инвестира 183 милиони евра.
Во фабриката на ГМ во Бразил каде се произведуваат шевролети „Селт“ и „Оникс“, ќе биде оформена и трета екипа за производство од 1.450 работници, илјада доставувачи и 180 вработени во административните работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


