Ги опиваат, ги дрогираат или им даваат апчиња за да бидат мирни и да не плачат. Затоа децата кои се злоупотребуваат за питачење по улиците постојано спијат. Оваа шокантно сознание го згрози светот. Писмото на еден анонимен граѓанин се најде речиси на сите интернет портали. Тој месец дена набљудувал една жена која со бебе питачела во близина на метро станица во една европска метропола. Едногодишното дете секогаш спиело што било невообичаено за негова возраст. Зачуден од оваа секојдневна слика пробал да разговара со жената но таа се правела дека не го слуша и го бркала за да може минувачите да и оставаат пари.
Потоа му се јавил на еден негов пријател од ромска националност кој му кажал дека се работи за криминална банда која изнајмувале или краделе деца од сиромашни семејства. Потоа им давале апчиња, хероин или водка за да бидат мирни и да не плачат.
Многу од нив умирале и додека се на улица во рацете на лажната мајка која мртвото тело морала да го чува до крајот на денот. Утредента на негово место било носено друго бебе. На крајот од писмото авторот на оваа грозоморна сторија апелира да не им се даваат пари на питачи бидејќи на тој начин овој бизнис би згаснал, а децата ќе бидат спасени.
Злоупотребата на децата за питачење е сериозен проблем и во Македонија. Овие слики се секојдневие по улиците, крстосниците, трговските центри, парковите не само во Скопје туку и во другите поголеми градови.
-Овој руиниран дел кој е останат од некогашното Езерце во доцните попладневни е собиралиште на неколку семејства од ромска националност кои до доцна во ноќта со децата питачат низ градскиот парк и пред летните дискотеки, а додека да се раздени преспиваат тука.
Од труд и социјала велат дека повеќе пати ги тргале од тука но тие повторно се враќале. Само оваа лето во заеднички акции на социјала и МВР на скопските улици се затекнати 40-тина деца како питачат. Во Охрид 28 но тие биле носени од други градови, а во Куманово на патарините биле најдени 10 питачи. Од труд и социјала најавуваат дека ќе продолжат со акциите и апелираат да не им се дава пари за да се сузбие оваа сепозачестена појава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


