| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија – Босна нерешено на полувреме

mkd-bihМакедонија замина на пауза по нерешениот резултат 41-41 по втората четвртина од натпреварот со БиХ во рамките на турнирот во Германија. Нашиот најдобар кошаркарски состав настапува без Перо Антиќ, кој чера во мечпт со Германија заработи повреда. Кај Македонија најпрецизен беше Ѓорги Чековски со 10 поени, 4 скока и асистенција. Војдан Стојановски постигна 8 поени, а реализираше и 4 скока и 2 асистенции. Мекејлеб, Дамјан Стојановски и Гечевски дадоа по 4 поена, а Самарџиски 3.  Војдан Стојановски, Гечевски и Самарџиски имаат по две лични грешки,  Илиевски, Мекејлеб и Чековски по една.

Во редовите на Босна најпрецизен во првиот дел е Дедовиќ со 10 поени, 2 скока и 3 асистенции. Телетовиќ не се виде, имаше само 5 поени, 4 скока и 2 асистенции. Гордиќ постигна 8 поени, а Рајт 6, Кикановиќ 7, Стипановиќ 2, Перисиќ 2.

Босна има 22 скока од кои 7 офанзивни, Македонија 21 скока со 7 дефанзивни, Босна реализирала десет контри, а Македонија 4.

Следете ги последните две четвртини на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top