| четврток, 6 декември 2018 |

На Дадо Топиќ му се слоши во Битола

dado topic bitola

На концеротот кој синоќа се одржа на Хераклеа во Битола, во еден момент на ѕвездата на вечерта Дадо Топиќ му се слоши и се повлече зад сцената, јави битолската телевизија Тера.

 

Пред публиката соопшти дека не се чувствува добро и се повлече, а претходно изведе неколку песни. Од фестивалот за телевизија „Тера“ изјавија дека после тоа тој се чувствувал добро.

Инаку, тој беше гостин на концертот на Свеченото затворање на осмото издание на Битфест „40 години од основањето на Група Мадригали “.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top