На првиот ден од најновата рунда преговори меѓу Грција и Македонија утре на 29 јануари медијаторот ќе има одвоени средби а наредниот ден среда 30 јануари Нимиц ќе се сретне на заедничка средба со двајцата преговарачи.
Амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се очекува да се сретнат во зградата на Обединетите Нации на Ист Ривер а се очекува по средбата в среда да дадат изјави за јавност.
Властите во Скопје и Атина молчат за новата рунда разговори која започна со посетата на Нимиц на регионот а кои се одвиваат под силен мониторинг од страна на ЕУ и САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


