| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени силувачите, Индија повторно на нозе

Clipboard02indijapolicebbИндиската полиција фатила тројца од петмината мажи кои пред два дена ја силуваа младата фоторепортерка од Мумбај, а нејзиниот пријател со кого службено влегле во напуштената текстилна фабрика, го претепале и врзан го оставиле да биде сведок на групното силување.

Двајцата го преживеале нападот. Се пренесува изјава на фоторепортерката која вели дека не сака ниедна жена на светот да не помине низ вакво брутално физичко понижување. Таа побара строга казна за напаѓачите додавајќи дека и го уништиле животот.

Индиската јавност е згрозена заради новиот случај на групно силување, особено бидејќи Мумбај до сега важеше за најсигурен град за жените во Индија. Лани беше групно силувана и убиена млада ученичка во Њу Делхи заради што се организираа големи протести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top