Најмалку еден турски војник е повреден откако војници од граничниот премин Огулпинар на турско-сириската граница интервенирале за да спречат голема група лица насилно да влезат во Турција, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Групата броела околу 3.000 лица, кои се движеле пеш, 200 лица со автомобили и 250 луѓе на коњи. Шверцерите, како што ги нарекува телевизијата, не го послушале предупредувањето на турските граничари да запрат и почнале да фрлаат со камења. Турските војници поддржани од дополнителни единици, преземале операција што траела осум часа, при групата била принудена да се врати во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


