Со голема брзина се шири пожарот над населбата Иванидол во Кичево, јави kicevo.mk.
Според локалниот портал, кој веста ја поткрепи и со фотографии, стихијата е потпомогната од ветерот кој придонесува за нејзиното ширење. Теренот е тешко достапен за противпожарните екипи. Најверојатно пожарот е последица на човечка рака. До овој момент нема опасност по куќите кои се наоѓаат на стотина метри од огнот.

Фото: Кичево.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


