| четврток, 6 декември 2018 |

Што кажа Груевски – говорот интегрално

izbori-vecerni-gruevski-pobeda

Предмет: Интегрален текст од прес конференција
Говорник: Никола Груевски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Датум: 24.08.2013
.

Почитувани,

Во изминатите речиси три месеци се докажа дека во СДСМ ситуацијата е непроменета после нивниот конгрес.

Новото раководство на чии чело беше поставeн Зоран Заев и Радмила Шеќеринска се обиде, би рекол делумно и успешно да одглуми независност и различност од нивниот вечен лидер. Но дојде крајот на таа приказна, и деструктивноста пак се врати таму каде всушност цело време и била.
Во минатите денови СДСМ постојано низ порталите кои ги контролира пушташе мноштво интриги, лаги, манипулации и сплетки.

Ние молчевме и работевме фокусирани на изнаоѓање решение. Си велевме ако не дојде до решение, и останеме коректни и доследни, барем ќе исплива на површина вистината. Затоа несакавме да се служиме со нивните методи на интриги и сплетки додека траеја преговоите. Бевме крајно конструктивни, и спремни за компромис, пред се заради државните и национални интереси на земјата, а во тој контекст и за европските интеграции. СДСМ купуваше време и одолговлекуваше, а патем постојано низ јавноста пушташе невистини или полувистини обидувајки се на планираниот завршеток да му даде поткрепа односно подготовка. Имаа време за се, и за викенди, и за музички фестивали, но за продолжение на работа на комисијата немаа време до пред една недела кога лично го повикав Зоран Заев кај мене на средба која неможеше да ја одбегне.

Нашиот почетен став, и тоа е и нашиот денешен став, беше, и е следниот:
На 24 ти декември Бранко Црвенковски го втурна СДСМ во 5 месеци однапред смислено сценарио за насилно превземње на власта преку претходна блокада на институциите и создавање длабока политичка криза, во која, како лов во матно СДСМ се надеваше на гласови добиени во ситуација на очај на граѓаните заради создадениот хаос. Незнам дали некого тоа го потсеќа на атмосферата од после конфликтот и триуфалното враќање на БЦ на чело на земјата, отприлика десетина години пред смислувањето на овој план во јули минатата година од него лично.

Сепак овој пат на другата страна имаа друг противник, и намерата не се оствари.
СДСМ со насилство во Парламентот го блокираше носењето на буџетот, создаде хаос во и пред Парламентот, и кога виде дека на тоа се одговори со сите законски средства во правец на одбрана на Уставот, се обиде со толпа од околу 3 илјади партиски приврзаници насилно да влезе во Парламентот. Не успеа ни во тоа. Институциите на државата профункционираа и во овој случај и намерата беше спречена. Уставот повторно беше заштитен.

Интервенцијта на службите задолжени за безбедноста во Собранието беше легитимна, законска и во правец на заштита од кршење на Уставот, за чие присуство има само пракса, но не и законска обврска или пишан документ, беше дел од пошироката безбедносна стратегија во кризна состојба. Да потсетам дека таму во галеријата покрај новинари имаше и партиски активисти на СДСМ кои се преставуваат за новинари, и токму тие пружија отпор на службите одговорни за безбедноста во Собранието, се со цел да искреираат лоша слика при нивното остранување и да го комплетираат зацртаниот план на СДСМ. Но, сепак, сето ова се случуваше пред почеток на седницата, а загарантираната со Устав јавност на седницата беше обезбедена преку телевизискиот пренос на таа седницата.

Интервенцијата на полицијата пред Парламентот беше исто така легитимна, законска и во правец на заштита на Уставот. Поголемиот дел од толпата го знаеја тоа, и не случајно само околу 500 лица тргнаа во насилното влеување во Парламентот.

Значи, да заклучам дека ставот на ВМРО ДПМНЕ бил и ќе биде дека 24ти декември беше ден кога законски се одбрани и се заштити Уставот и Парламентот на Македонија, и се спречи негово нарушување.
Исто така став на ВМРО-ДПМНЕ е дека СДСМ во неколку наврати го прекрши Уставот противуставно блокирајки го работењето на Парламентот и спречувајки го претседателот на Парламентот, комисиите и самиот Парламент во неговата работа.

Сепак, за време на преговорите во ад хок комисијата, со наша добра воља за успех на Македонија, најголем дел од овие наши ствови и ставови на мнозинството граѓани кои се факти дека СДСМ одеше на насилно превземање на власта, се согласивме да не влезат во извештајот на ад хок комисијата. Ценевме дека СДСМ нема да прифати реален извештај и се одкажавме од внсувањето на овие факти да бидат дел од извештајот. Тоа беше наш огромен влог во овие преговори.

Кога ова го виде креаторот на 24ти декември, се исплаши дека новото раководство на СДСМ ќе постигне дооговор за компромисен извештај. Веднаш по неговото враќање во земјата, го смени текот на преговорите кои беа во самиот финиш и СДСМ излезе со комплетно нова позиција.

Новата позиција беше во правец дека не само што СДСМ и тој лично треба да биде амнестирана од одговорност, туку ВМРО-ДПМНЕ треба да се прогласи за виновна, дека го пекршила Уставот во најмалку два наврати, во моментот на остранување на пратениците кои го попречуваа работењето на парламентот, што беше согласно деловникот и праксата во минатото, и во моментот на остранувањето на новинарите од галеријта на Парламентот за чие присуство никаде нема пишано правило кога можат, а кога неможат да престојуваат.

Со желба да успее извештајот, а со тоа да успее и Македонија, имајќи во обзир дека ние сме најголема партија со 158 420 членови, а имаме за противник раштиман оркестар, проценив дека треба да покажеме ширина, и да им попуштиме, во текот на преговорите. Не само што се откажвме од влегување на фактите за кршење на Уставот и Законите од страна на СДСМ во извештајот за која пред малку говорев, туку и почнавме да прифаќаме и формулации кои некој можеше да ги разбере и како наше превзимање вина, и на некој начин СДСМ можеше да ги употреби како свое алиби за излез од состојбата во која самата се доведе. Многу ризикувавме со тоа, но мислевме дека вреди малку и да загубиме со овој извештај, со цел да добие државата.
Но, на крај, на СДСМ и тоа не му беше доволно. Побараа од нас две работи, и тоа:
1.Експлицитно во извештајот да стои дека сме го прекршиле Уставот и
2.Нашите преставници да гласаат за тоа и да го потпишат тоа.

Е тоа е ситуација кога некој несака да биде работата. Тоа е ситуација кога личниот и партискиот интерес се става пред интересот на државата и граѓаните. Тоа е Бранко Црвенковски и ова негово раководство.

На средбата на која и јас присуствував во вторникот оваа недела, ги потсетив дека три месеци после 24ти декември во Македонија имаше локални избори. Дека и пред и за време на кампањата нивниот вечен лидер одеше во јавноста само со една теза и ништо друго, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ на 24 ти декември го прекрши Уставот, ги погази Законите итн, ги потсетив и дека ние во првите 5-6 дена од кампањата го негиравме тоа, и потоа престанавме да зборуваме на таа тема, оставајки народот сам да одлучи и верувајки дека народот имаше доволно време да ја разбере ситуацијата. На крајот резултатот во бројот на градоначалници беше 58:4, во бројот на гласови беше 140 илјади разлика за нас, поголема и од онаа од 2009та за која мислевме дека е недостижна повторно. Им реков дека секој разумен политичар би извлекол поука од оваа порака на граѓаните и додадов дека ако тоа им е малку, можеме повторно да го прашаме народот на предвремени избори веднаш, за да се изјасни за тоа. Не дадоа прецизен одговор, иако во нивните брифинзи за од нив контролианите портали брифираа дека веднаш прифатиле. Се воздржавме од јавен коментар, во интерес на преговорите.

Како понатаму, е прашањето сега.
Како во ситуација кога ЕУ навестува одземање на препораката ако не се постигне договор. СДСМ целеше кон тоа. Или целосно ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено да ја превземе вината за декемвриските случувања и на база на тоа тие да градат изборна стратегија, или да не се постигне договор, земјата да добие негативен извештај, па на база на тоа да ја градат нивната изборна стратегија. Колку неодговорно кон сопствената земја!!!

Во една ваква ситуација, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди следните алтернативи:
1.Комисијта има 5 члена. Три од нив се членови на СДСМ. Да се собере комисијата веднаш, и со надгласување нека изгласаат каков сакаат извештај во делот на правните квалификации. Ако претседателот на комисијата Борче Давитковски несака да гласа на ваков начин, ВМРО-ДПМНЕ ќе подржи веднаш нов претседател кој ќе го предложи СДСМ, и со ова прес конференција може да се смета дека го подржуваме било кој нивни предлог за претседател, без за тоа да се состануваме. Било кој. Подготвени сме за претседател на комисијата да го прифатиме и самиот Бранко Црвенковски, или Зоран Заев или Радмила Шеќеринска или Јани Макрадули или било кој, кој тие ќе го изгласаат. На тој начин СДСМ ќе добие извештај каков што сака што се однесува до правните квалификации каде што и се блокира работата, по нивна мерка, а Македонија ќе се ослободи од заканата на губење на препорката. Се разбира за нас, и за најголем дел од македонската јавност тоа ќе биде партиски извештај, но барем ќе го има и држвата и народот нема да трпат последици заради деструктивната политика на СДСМ. Ова би можело да се направи утре.
и
2.Ако и ова е неприфатливо за СДСМ, тогаш го предлагаме следното:
Веднаш во понеделник на итна седница со одлука на парламентот да распишеме предвремени парламентарни избори. При тоа предлагаме утре да потпишеме две верзии на правните квалификации во извештајот. Едната која ќе биде согласно ставот на ВМРО-ДПМНЕ и во која ќе пишува дека е валидна само ако на изборите на 13 ти октомври ВМРО-ДПМНЕ добие повеќе гласови од СДСМ, и вторта која ќе ги содржи правните квалификации кои ги преферира СДСМ и во која ќе пишува дека таа е валидна и стапува на сила доколку на денот на предвремените избори на 13 октомври СДСМ добие повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ.

13 ти октомври е последна ден недела пред 16 октомври кога треба да се објави извештајот на европската комисија за Македонија, и тогаш ќе имаме потпишан, валиден и потврден од граѓаните извештај, така што тоа нема да биде причина за одземање на препораката од страна на ЕК.

Во понеделник е последниот ден во кој може да се распушти парламентот а избрите да се одржат пред објавувањето на извештајот за Македонија во Брисел. Па нека одлучи народот, каде е вистината и кои луѓе сака да ја водат земјата во наредните години. Со ова еднаш за секогаш ќе се затвори ова прашање и ќе се одбегне негативен извештај за Македонија.
Очекуваме јасен одговор веднаш, а најдоцна до утре. Секое условување, ќе го цениме за купување време и одбивање. Предвремените избори имаат смисла ако се одржат пред објавувњето на извештајот на ЕУ за Македонија.
Со други зборови скратено кажано, или гасајте каков сакате извештај и онака 6 месеци се боревте во комисијата да сме три два за вас, или ајде на избори па нека реши народот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top