| четврток, 6 декември 2018 |

Американците: Обама забрани Бен Афлект да биде Бетмен

aflekАмериканците бунтуваат, не го сакаат Бен Афлект како Бетмен. Откако „Warner Bros“ објави дека улогата на Брус Вејн во следното продолжение на филмот ќе му ја даде на Бен Афлек, незадоволните фанови почнале да потпишуваат повеќе од 30 различни петиции од кои едната ја упатиле и до американскиот претседател Барак Обама.

Тие од американскиот претседател бараат да се прогласи за незаконитоова и Бен Афлек во следните 200 години да не може да го глуми Бетмен или кој било друг суперјунак.

Петицијата ја објавиле на страната на Белата куќа каде секој граѓанин смее да му постави прашање на претседателот, но администрацијата на Обама веднаш тоа го отстранила.

На сите петиции им е заедничко тоа што бараат за Афлек под итно да се најде замена, бидејќи повеќе од 10.000 потписници мислат дека тој не е доволно добар актер ниту е прикладно граден за таа улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top