Комисијата има пет члена – три на СДСМ. Едниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ е Комисијата да се собере веднаш и да се изгласа извештај. ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати нов претседател по избор на СДСМ, без состанок. Било кој, па дури и Бранко Црвенковски. СДСМ ќе добие извештај каков што сака што се однесува до правните квалификации. Иако ќе биде партиски извештај, барем ќе го има. Ова би можело да се направи утре.
Вториот предлог е веднаш во понеделник, на итна седница да распишеме парламентарни избори. Утре да направиме две верзии на правните квалификации – една според ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде валиден ако добие ВМРО-ДПМНЕ поголем број гласови на изборите. Другиот по мерка на СДСМ и ќе биде валиден само ако СДСМ победи на изборите. 13 октомври е последен ден недела пред 16 октомври кога треба се носи европскиот изештај , па нека одлучи народот. Само вака ќе избегнеме негативен извештај. Бараме одговор веднаш. Избори има смисла само пред објавување на извештајот.
Ајде на избори, па народот нека реши!
Оа е дел од денешното обраќање на премиерот Никола Груески, кој најави предремени парламентарни избори. Се чека одговор од СДСМ кој предлог од овие два го прифаќаат. Имаат рок до утре. Повеќе детали од прес-конференцијата наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


