| четврток, 6 декември 2018 |

Французинот Аксел најбрз на Охридскиот маратон, Поп Ацев четврти, Стефановски веднаш зад него

Французинот Рејмонд Аксел во деби настапот е победник на Охридскиот маратон, претпоследен од Гран при серијата на ФИНА за 2013 година. Од македонските маратонци Евгениј Поп Ацев доплива до  четвртото место, а Томи Стефановски завршикако петтопласиран.

pobednik

Аксел, 30-километри долгата патека од Свети Наум до Охрид, ја исплива со нов рекорд од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, речиси за 10 минути побрзо од ланскиот рекорд на Бугаринот, Петар Стојчев.

Евгениј Поп Ацев за малку го загуби третото место

Евгениј Поп Ацев за малку го загуби третото место

Второто место му припадна на Едуардо Стокино од Италија, а во возбудлив  фото- финиш со само неколку стотинки предност пред нашиот Евгениј Поп Ацев, маратонот го заврши Русинот Иван Афањевич како третопласиран.

Евгениј во трка за третото место

Евгениј во трка за третото место

Петти на крајот беше Томи Стефановски, пред Гилермо Бертола од Аргентина и водечкиот во Светскиот куп, Дамјан Блаум на седмата позиција.

Фото: Ѓорги Личовски (Република)

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top