Американскиот технолошки гигант Гугл развива свој автомобил наместо да ја вградува својата технологијата во автомобили на други производители, велат американските медиуми.
Интернет компанијата имала разговори со претстаници на оваа индустрија за создавање автомобили за Google, објави синоќа новинарот за технологија Амир Еуфрат кој до неодамна работеше за Wall Street Journal, а сега води свој блог за технолошкиот сектор, пренесува Фактор.мк
Google се стреми пред сè да создаде „Robo-такси“ што да може само да качува и разнесува патници до нивната дестинација, пишува Еуфрат. Тоа фрла нова светлина за влегувањето на компанијата во ризичната ионвестиција Google – Google Ventures, со над 250 милиони долари во американскиот Uber, за што беше објавено во петокот.
Договорот за купување на удел за 258 милиони долари во Uber чије најважно апликација е системот за повик на такси ја разоткрива замислата. Брзиот пораст на цената на компанијата се случува во момент во кој во Силиконската долина се поинтересен е транспортниот сектор – почнувајќи од електричните автомобили на Tesla, па се до оваа идеја на Google.
Во однос на плановите за производство на сопствени автомобили Google е разговорал и со германските компании од секторот Continental и Magna, пишува уште Еуфрат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


