Високи воени претставници од САД, Велика Британија и неколку арапски земји ќе се состанат неделава во Аман, за да разговараат за ситуацијата во Сирија, пренесува ДПА.
Претставниците ќе дискутираат за последиците од наводната употреба на хемиско оружје во близина на Дамаск.
На средбата ќе присуствува претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД Мартин Демпси. Се очекува да учествуваат и високи воени претставници од Франција, Саудиска Арабија, Турција, Русија, Италија, Канада и Катар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


