Вработените го обвинија директорот на ЕЛСТАТ, Андреас Јоргу, поранешниот заменик шеф на одделот на ММФ за статистика, ставен на тоа место пред две и пол години за да го реорганизира грчкиот статистички завод, за наводното фалсификување на податоците за грчкиот буџет во 2009 година.
Тој ги отфрли обвинувањата на вработените, а Владата и Статистичката служба на ЕУ – Евростат, ја прифатија неговата одбрана, потврдувајќи дека презентираните податоци биле согласно пропишаните европски норми.
Но, Синдикатот на вработените во ЕЛСТАТ соопшти дека Јоргу не може да остане на досегашната функција се додека правосудните органи не докажат дека не е виновен.
Датумот за почеток на судскиот процес против директорот на ЕЛСТАТ, на кого му се заканува минимална казна затвор од пет години доколку се докаже дека е виновен, се уште не е одреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција