Швајцарец доби 93,6 милиони евра од последната добивка на лотаријата „Евромилиони“.
Жител на кантонот Вале ќе ја прими најголемата сума, која некогаш ја добил играч од Швајцарија.
Лотаријата „Евромилиони“, која е активна од 2004 година, на секое извлекување собира влогови од околу 20 милиони лица во 11 држави. Секој од нив има шанса од еден спрема 116.531.000 за да ги погоди петте добитни бројки и двете добитни ѕвезди, кои ја обезбедуваат големата добивка.
Апсолутниот рекорд го држи британски играч, кој доби 190 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


