| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно имаме проблем со Скопјаните- Грците не можат да го прежалат поразот

„Тимот на селекторот Тринкиери се соочи со борбените Македонци”, е коментарот на грчкиот портал Стар, еден од многуте грчки медиуми што информираа за победата на Македонија над Грција, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

vesnici

 

Грчките медиуми се преполни со наслови за вчерашниот натпревар, во кој беа поразени од Македонија.

„На полувреме сино-белите имаа 6 поени повеќе, а 5 минути пред крајот плус 9, но Перо Антиќ имаше поинаков став”, јавува „Новаспорт”.

„Нациналниот тим оштетен од Антиќ”, е насловот во „Елефтеротипија”.

„По пет последователни победи, националната кошаркарска репрезентација беше принудена од страна на Перо Антиќ да ја почувствува и другата страна на приказната”, пишува весникот.

„Газета”  под насловот „МекКелеб го донесе првиот пораз”, пишува дека грчкиот национален тим имал многу проблеми со одбраната и дека не бил направен вистинскиот избор во однос на нападот.

„Ин.гр” пак во својот текст нуди оправдувања за поразот на Грците. Играчите наместо со автобус, од Михен до Улм биле превезени со комбе, а вчера дознале дека ќе нема телевизиски пренос, како што претходно било најавено па според порталот ова биле инциденти кои што ги вознемириле играчите и селекторот.

А што мислат грчките граѓани за поразот од Македонија ?

„Повторно имаме проблем со ‘Скопјаните’”

„Секој пораз од “Скопје”, дури и пријателски, не исполнува со тага…”

„Антиќ не утепа, со среќа на турнирот деца…”- се дел од коментарите на читателите.

Деновиве спортот е доста актуелна тема во грчко-македонските односи. Низ грчките медиуми сеуште се провлекува и темата од фудбалскиот натпревар меѓу германски Шалке и грчки ПАОК, кога навивачите на Шалке го развеаја македонското знаме со сонцето од Кутлеш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top