Пожарот во Калифорнија се прошири на повеќе од 500 квадратни километри и го зафатил националниот парк Јосемити, а прогласена е вонредна состојба во Сан Франциско, објави „Нетпрес“.
Вонредната состојба, која претходно оваа недела беше прогласена за областа во која беснее пожарот, сега е проширена на градот со одлука на гувернерот на Калифорнија, Џери Браун.
Сан Франциско од огнената стихија е оддалечено 240 километри, но се загрозени неговите комунални објекти, а посебно станиците кои пренесуваат струја.
Поради пожарот, кој трае веќе седум дена, се исклучени две од три хидроелектрани во оваа област, а огнот продолжува да се шири во повеќе правци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.