| четврток, 6 декември 2018 |

Со „Охридска софра“ во Скребатно ќе се испраќаат туристите од Охрид и Струга

Денеска во охридското село Скребатно за прв пат ќе се одржи манифестацијата „Охридска Софра“, на која на граѓаните, гостите и посетителите ќе им биде презентирано богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ, јавува „Охрид њуз“.

Како што најавуваат од Секторот за туризам и локален економски развој, подготовката на храната ќе започне во 9 часот, а дегустацијата ќе започне во 11.30 часот. За подготвување на Ѓомлезе досега  се пријавиле 25 натпреварувачи, кои ќе ги оценува жири комисија.

Освен ѓомлезе, на манифестацијата ќе бидат претставени  и голем број традиционални охридски јадења, кои ќе ги подготвуваат готвачи од охридските ресторани, но и студенти при Факултетот за тууризам и угостителство, од насоката гастрономија.

Организаторите најавуваат и интересна музичка програма. Од 10 до 11.30 часот настап ќе имаат ансамблот „Билјана јуниор“ и групата „Зарина“, а од 12.30 часот посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на познатиот етно состав „Љубојна“.

Манифестацијата е во организација на локалната самоуправа, а поддржана е и од министерството за култура, како дел од програмата Топол културен бран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top