| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“ ќе ги објави тајните документи на Сноуден

Британски Guardian објави денес дека во соработка со New York Times ќе објават доверливи документи, кои Едвард Сноуден успеал да ги извлече од NSA, објави „Инпрес“.

Договорот бил постигнат поради притисокот на британската влада која барала да и бидат отстапени спорните документи.

– Во атмосфера на интензивен притисок од страна на британската влада, Guardian донесе одлука да вклучи и парнер во делот со Сноуден. Во соработка со New York Times и други, продолжуваме да пишуваме за оваа тема, соопштија од Guardian.

Американските новинари се заштитени со првиот амандман кој им ја гарантира слободата на говорот и ја спречува државата да бара забрана за објавување на некој текст.

Ова е само продолжување на соработката од 2010. година кога Guardian, New York Times и Der Spiegel објавуваа информации во врска со документите кои ги објави Викиликс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top