| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз во критична состојба

Сопругата на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз, Јованка Броз, се наоѓа на одделението за интензивна нега, каде лекарите се борат за нејзиниот живот, изјавил директорот на Ургентниот центар Златибор Лончар, објави „Точка“.

Според неговите зборови, Јованка Броз е примена во Ургентниот центар околу 13:30 часот во амбулантата за реанимација и има исклучително тешка состојба, а „почетните резултати укажуваат на почеток на сепса“.
Лончар рекол дека Јованка Броз е примена со ниска тензија, во полусвесна состојба, со исклучително ниска крвна слика, проблеми со мокрењето, декутабилни отворени рани, како и со една поголема рана на градниот кош за која лекарите не знаат од каде потекнува.

Докторот изјавил дека Јованка дошла во болницата во придружба на двајца членови на семејството како и дека е „довезена во моментот кога веќе не можела да се противи да оди во болница“.

„Според информациите кои ги имаме, таа претходните денови не сакала да дојде во болница и да се лечи, туку дури кога паднала во оваа состојба успеале да ја донесат“ – рекол Лончар, и додал дека состојбата во која таа се наоѓа е „запуштена“. Додал и дека вдовицата на Тито била во полусвесна состојба и дека реагира само на силни надразнувања. Според неофицијални болнички извори, раната на градите укажува на можноста Броз да има карцином на дојката, додека нејзината целокупна лоша состојба покажува дека нејзе не и’ била потребна туѓа нега, која веројатно и ја немала. Во Ургентниот центар била донесена од страна на сестра и’ Нада Алексиќ.

Во текот на ова попладне Јованка Броз одвоено ја посетиле премиерот на Србија Ивица Дачиќ, и министерот за телекомуникации, Расим Љаљиќ.

Како што е познато, после смртта на Тито Јованка живееше во изолација и во некој вид на куќен притвор, без лични документи, а одземени и’ се и личните предмети од животот со претседателот. Нејзината политичка изолација престана во 2006 година, кога Расим Љаљиќ, тогашен министер за човечки и малцински права се завзеде да ја подобри нејзината материјална ситуација. Три години подоцна и’ биле вратени документите од страна на Дачиќ, кој тогаш бил министер на полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top