Поранешниот грчки репрезентативец Ник Калатес во интервју за американските медиуми, вели дека грчките навивачи се опасни и дури посакуваат и смрт на кошаркарите од противничката екипа, особено на атинското дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Калатес е роден во САД, таму настапуваше и за колеџ екипата на Флорида, a од пред некој ден е член на НБА екипата на Мемфис гризлис. Одличниот бек играше за Панатинаикос во грчкото првенство и му помогна на тимот да освои две втрзани титули во 2010 и 2011 година, а преклани играше во финалето и загуби од Олимпијакос за кој играше нашиот репрезентативец Перо Антиќ.
„Атмосферата во Грција на натпреварите е сосема поинаква од таа во САД. Навивачите фрлаат со се и сешто, обидувајќи се дури и да ве убијат. Тоа нема врска со кошарка, туку со презентирање на сила и навивачка битка која група е посилна. Ако мислите дека претерувам погледнете ги снимките од натпреварите меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. Јас за среќа минав само со паричка во глава, а имаше кошаркари што минаа многу полошо. Сепак таква наелектризирана атмосфера има само на дерби дуелите“ изјави Калатес. Грчките медиуми го пренесоа интервјуто и со остри критики му забележаа на Калатес, дека заборавил да ја спомене добрата страна и неговиот огромен напредок во кариерата, играјќи за Панатинаикос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција