| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкон и за Рамиреш повторно во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на националната фудбалска екипа на Бразил, Луис Фелипе Сколари, ги повика Маикон и Рамиреш за пријателските натпревари во септември, против Австралија и против Португалија.

Искусниот дефанзивец Маикон, кој ова лето го напушти Манчестер Сити и се пресели во редовите на Рома, беше стартер на Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та година.

Сепак, подоцна го загуби местото во првиот состав, додека Рамиреш не играше на Купот на конфедерациите, кој се одржа во јуни во земјата на самбата и на кафето, поради недисциплина.

„Имам информации дека Маикон работи многу добро и оти се наоѓа во задоволителна форма. Го повикавме за овие пријателски мечеви за да се увериме дали може да ги исполни барањата и да настапува за репрезентацијата во иднина“, вели Сколари.

Брзилскиот фудбалски стручњак има впечаток дека сега дошло вистинското време и го повика Маикон прв пат откако повторно го презеде кормилото на „Кариоките“.

Сепак, селекторот на петкратниот фудбалски првак на светот овој пат од престижниот список мораше да ги прецрта имињата на извонредните ветерани Роналдињо и Кака.

Инаку, Бразил ќе биде домаќин на првото пријателско соочување против Австралија во главниот град на земјата, Бразилија, додека три дена подоцна Португалците ќе ги пречека во Бостон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top