| четврток, 6 декември 2018 |

Геце со нетрпение чека заигра за Баерн

Иако беше најзвучниот трансфер во Бундеслигата ова лето, талентираниот германски репрезентативец Марио Геце, се уште не се покажал во вистинско светло во дресот на новиот табор.

Новодојдениот фудбалер во европскиот и бундеслигашки првак, Баерн Минхен, призна дека е нервозен во пресрет на неговиот „кам-бек“ на теренот, по залечувањето на повредата.

Геце по заминувањето од Борусија Дортмунд за 37 милиони евра, само еднаш се најде во тимот на Баварците и тоа како замена, затоа што уште пред трансферот заработи повреда на тетива.

Германскиот фудбалер сега истакнува дека верува оти ќе има мало искушение додека да го најде своето место и вистинскиот ритам на првите средби кои што ќе ги одигра за гигантот од „Алијанц“.

„Очигледно е дека ќе ми биде потребно некое време да се вратам во препознатливата форма и да дадам 100 отсто повторно. Потребно ми е време и минути на теренот за да успеам во ова. Верувам дека ќе бидам подготвен за две, три или за четири недели“, изјави Геце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top