Грчкото Министерството за култура предупреди на „премногу смелите“ шпекулации дека во недомна пронајдената древна гробница може да се наоѓа и гробот на Александар Велики.
Археологот Екатерини Перистери неодамна изрази надеж дека во гробницата е пронајден „значаен поединец или поединци“. Некои грчки информативни портали напишаа дека „во гробницата може да се наоѓа и долго бараниот гроб на воинствениот крал од четвриот век пред нашата ера Александар Велики, за кој се смета дека е закопан во Египет“.
Министерството предупреди дека е „премногу смело“ локацијата во близина на Амфиполис, 600 километри северно до Атина, да се поврзе со „историски личности“ пред ископувањето целосно да заврши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



