Еден од најатрактивните кошаркари во НБА лигата, Ален Ајверсон соопшти дека и дефинитивно ја завршува својата кариера.
Ајверсон, кој 11 пати беше учесник на Ол-стар мечевите, еднаш беше финалист во НБА лигата, во својата 38. година одлучи да се пензионира.
Последниот професионален меч го одигра во 2011-та година во дресот на Бешикташ, а НБА лигата ја напушти пред три години.
Во својата кариера тој просечно бележеше по 26,7 поени, 6,2 асистенции во текот на 14-те години колку што настапуваше во НБА лигата бранејќи ги боите на Филаделфија, Денвер и Мемфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.