| четврток, 6 декември 2018 |

Полковник Хаџи-Јанев: Балканот може да предизвика светски земјотрес

hadzi jasminОд на­ста­ни­те во Бли­ски­от Исток и од Арап­ска­та про­лет ста­на јас­но де­ка се­кое им­про­ви­зи­ра­ње или обид да се ма­не­ври­ра, по­ен­ти­ра или да се прават не знам ка­кви дру­ги кал­ку­ла­ции со овие гру­па­ции се не­исп­лат­ли­ви, не са­мо по­ли­тич­ки ту­ку и без­бед­нос­но и фи­зич­ки. Ед­но­став­но, не мо­же да се по­ли­ти­зи­ра со овие мом­ци – сме­та про­фе­со­рот на ма­ке­дон­ска­та Во­е­на ака­де­ми­ја, Ме­то­ди Ха­џи-Ја­нев во интервју за новиот број на Неделникот Република.

Тој пред не­кол­ку ме­се­ци из­ле­зе со твр­де­ње де­ка на Ал­ба­ни­ја од Бри­сел и од Ва­шин­гтон јас­но ѝ би­ло по­ра­ча­но де­ка тре­ба да се отка­же од со­нот за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. Ма­ке­дон­ски­от во­ен струч­њак ве­ли де­ка мно­зин­ско­то рас­по­ло­же­ние на Ал­бан­ци­те на Ко­со­во не е во при­лог на спо­ју­ва­ње кон Ал­ба­ни­ја. За сѐ по­че­сто­то за­ми­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни во Си­ри­ја, пот­пол­ков­ни­котХа­џи-Ја­нев ве­ли де­ка се пос­ле­ди­ца на че­ти­ри клуч­ни фа­кто­ри – зна­чи­тел­ни­от им­пакт врз  тра­ди­ци­ја­та, ко­ја ис­ла­мот на Бал­ка­нот ја има­ше до пер­и­о­дот на конф­ли­кти­те во по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја. По­тоа про­це­сот на гло­ба­ли­за­ци­ја и тех­но­ло­шки­от раз­вој, гло­бал­на­та вој­на про­тив те­ро­риз­мот и ефе­кти­те од овие на­по­ри и на крај фи­нан­си­ска­та кри­за и ефе­кти­те од неа по со­ци­јал­на­та ста­бил­ност.

Хаџи-Јанев смета дека е мно­гу е по­греш­но ако се сме­та де­ка фун­да­мен­тал­ни­от ис­лам е лош по де­фи­ни­ци­ја. Тоа е мно­гу по­греш­но и не­при­фат­ли­во за Ма­ке­до­ни­ја во ко­ја сло­бо­да­та на ве­ро­ис­по­вед е за­га­ран­ти­ра­на. Ло­ши се мом­ци­те што го зло­у­по­тре­бу­ва­ат ова тол­ку­ва­ње на ис­ла­мот и са­ка­ат на­сил­но да им го на­мет­нат на дру­ги­те.

Дол­го­роч­но, ка­ко ќе се со­о­чи Ма­ке­до­ни­ја со луѓето кои заминаа во Сирија, кои еден ден ќе се вра­тат во зем­ја­ва?

Ха­џи-Ја­нев:Па не гле­дам де­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе се раз­ли­ку­ва од Бри­та­ни­ја, Фран­ци­ја, Бел­ги­ја, Шпа­ни­ја, Пор­ту­га­ли­ја или Гер­ма­ни­ја. До­кол­ку овие ли­ца не на­пра­ви­ле не­што што  е спро­тив­но на за­ко­ни­те или ме­ѓу­на­род­но­то пра­во,  не би би­ло во ред да би­дат тре­ти­ра­ни по­и­на­ку од си­сте­мот. Ток­му за­тоа, дел од за­пад­ни­те зем­ји се фо­ку­си­ра­ат на стра­те­ги­ја­та на пре­вен­ци­ја пре­ку гра­де­ње от­пор­ност на оп­штес­тво­то и соз­да­ва­ње ка­па­ци­те­ти на ло­кал­ни­те ко­му­ни са­мо­стој­но да ги изо­ли­ра­ат или не­у­тра­ли­зи­ра­ат овие по­ја­вина гру­пи или на т.н. „оса­ме­ни вол­ци“. Во овие про­гра­ми осо­бе­но вни­ма­ние се по­све­ту­ва и на мо­би­ли­за­ци­ја­та пре­ку ин­тер­нет, ко­ја е се­ри­о­зен тренд.

Целото интервју прочитајте го во новиот, 52. број на неделникот Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top