| четврток, 6 декември 2018 |

Две катни гаражи и хелиодром на Клинички

katni na klini;kiВо комплексот Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе се градат две катни гаражи и хелиодром со вкупно 2.500 паркинг места по пат на Договор за јавно-приватно партнерство. Приватниот партнер во проектот треба да вложи 21 милион и 300 илјади евра, а сопственоста на објектите во периодот на концесионирање да остане кај јавниот партнер.

Според презентираната физибилити студија за јавно приватно партнерство по завршување на административните процедури за три до четири месеци Министерството за здравство ќе ја почне тендерската постапка за договорот за период од 35 години. Моделот за реализација на договорот за ЈПП што се препорачува е DBFOT (Desing-Build-Operate-Transfer) Проектирање – финансирање – изградба стопанисување-трансфер.

– Претпоставениот концесисики надомест е еден процент, а вкупната инвестиција 1.314.000.000 денари со претпоставен број на 60 вработени. Повратот на инвестцијата би бил за период од околу 12 години, рече на презентацијата Љубомир Димовски од консултантската компанија ЕПИ интернационал, што ја изготви студијата.

Заинтересираните инвеститори, според критериумите за тендерот, треба да имаат минимум работен капитал или пристап до кредитна линија од најмалку 10 милиони евра, да има вкупен годишен приход во последините три години од 10 милиони евра и искуство во организирање на проектирање, изведување, развој и управување со минимум еден спроредлив објект. Договорот за јавно-приватна набавка, според препораката, ќе се додели на фирмата што ќе понуди највисок концесиски надомест, како процент од вкупно остварениот приход од услуги на годишно ниво.

Министерот за здравство Никола Тодоров очекува дека ќе има заинтересирани инвеститори.- Станува збор за огромна инвестиција од над 21 милион, со добар поврат за околу 12 години. Тоа е профитабилен проект. Очекувам ова да обебзеди инвестициска активност на домашните и на странските компании и решавање на повеќедеценискиот сериозен проблем со возилата на Клиничкит центар, рече Тодоров.

Се планира првата катна гаража да биде лоцирана на празниот простор помеѓу Инфективната клиника и Фармацевтскиот факултет и со нејзина градба ќе се почне веднаш по склучување на договорот. Втората гаража ќе се гради на сегашната локација на Институтот за туберкулоза, откако ќе биде преселен во новиот Клинички центар. Во двете катни гаражи, што ќе имаат по седум ката, ќе има и деловен простор со површина од по 4.000 метри квадратни. Во втората катна гаража ќе се гради и хелиодром, обврска на приватниот партнер, со кој ќе управува комплескот клиники „Мајка Тереза“. Со урбанистичкото решение се предвидува да се овозможи и сервисна улица што ќе треба да го растовари сообраќајот на булеварот „Водњанска“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top