| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон

Од Свети Наум до Охрид, на патеката „Климе Савин“ по 27. пат ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон. Оваа година се очекува најголема конкуренција бидејќи присуството го потврдиле Даниел Блум од Аргентина и Олга Козјодуб од Русија, кои се водечки во генаралниот пласман во своите категории. Во Охрид ќе плива и Симоне Ерколи од Италија, како второпласиран во машка конкуренција. Пријавени се 17 во машка и 11 пливачи во женска конкуренција.

Македонските маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп-Ацев ќе учествуваат на овој маратон, кои се на делба на третото место во генералниот пласман, а уште ќе пливаат и Александар Илиевски и Дејан Младеновски. И оваа година Македонија нема да има учесник во трката за дами.

Неприкосновениот Петар Стојчев, кој 11 пати победуваше на оваа трка, се прости од маратонското пливање, но ќе биде присутен на маратонот како дел од стручниот штаб на нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски.

Покровител на најголемиот меѓународен спортски настан во нашата држава, Охридскиот пливачки маратон, како и секоја година е претседателот на Македонија, господин Ѓорге Иванов. Наградниот фонд изнесува десет илјади долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top