Компанијата Тепко која управува со хаварисаната нуклеарна централа фукушима и официјално побара помош во справувањето со опасноста од радиоактивно истекување. Овој повик доаѓа неколку дена откако едно истекување беше опишано како „сериозен инцидент“.
-И други држави доживеале растопување на реактор па се надеваме дека можеме со нив да се консултираме и да им го искористиме искуството. Во таа смисла, не ни треба само поддршка од јапонската влада туку и од меѓународната заедница, посочува потпреседателот на Тепко, Аизава.
Пред неколку дена од еден од 1060 привремени контејнери истекоа околу 300 тони вода со висококонтаминирани количества на цезиум.
Откако јапонската нуклеарна регулаторна агенција посочи дека не е доволно само да се внимава да не дојде до нови инциденти, заклучи дека се направени низа пропусти околу резервоарите за чување на радиоактивната вода.
Меѓународната агенција за атомска енергија се понуди да помогне доколку Тепко тоа го побара од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јапонците дури сега го пронашле осиромашениот ураниум од Фукушима (видео)
-
Вонредна состојба поради „Фукушима“: Протекува нуклеарно гориво, радијацијата предизвикува моментална смрт
-
Вонредна состојба во Јапонија: Во Фокушима рекордно ниво на радијација
-
Трошоците за расчистување на Фукушима зголемени на 190 милијарди долари