| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата во Тумчевиште, гостиварско

crkva

Ограбена црквата „Свети Арханѓел“ во гостиварско Тумчевиште, информираат од МВР.

Арамиите најпрво ја скршиле влезната врата, а потоа краделе масло, златен црковен накит и пари.

Ова не е прв пат овој црковен храм да биде ограбуван, велат од полицијата, но сѐ уште не се откриени крадците кои сквернават и крадат во православните објекти во овој дел од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top